ИНТЕНЗИВНА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ
- март 19, 2020
- 0
- Категорија:
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска спроведоа вонредни превентивни активности за дезинфекција на јавните површини на подрачјето на Општина Охрид.
Согласно препораките за превенција од ширењето на корона вирусот Ковид-19 со средство за дезинфекција беше извршено комплетно чистење на:
- Старата чаршија,
- Плоштадот кај Чинарот,
- Плоштадот „Свети Климент Охридски“
- Паркот пред рибниот ресторан
- Градскиот кеј со сите патеки во градскиот парк
- Урбаната опрема и клупите
- Детското игралиште во градскиот парк
Исто така во текот на вчерашниот ден беше извршена дезинфекција на јавните површини во комплексот на објектите на ЈЗУ „Општа Болница“ Охрид
- Влезот во здравствената установа,
- Коловозните површини,
- Тротоарите,
- Сите пристапи кон различните оддели.
Од претпријатието информираат дека и во текот на наредните денови ќе бидат спроведени сет превентивни мерки со цел зајакнување на заштитата на здравјето на луѓето и одржуавње на јавната чистота на највисоко ниво.