ОДБЕЛЕЖАН СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА
- октомври 7, 2021
- 0
Со синоќешното осветлување на зградата на Општина Охрид во зелена боја, локалната самоуправа се вклучи во одбележување на Светскиот ден на церебралната парализа – 6.Октомври. На овој ден се потсетуваме дека има над 17 милиони луѓе во Светот погодени од ова здравствено нарушување.
Церебралната парализа е несакан глобален феномен и е еден од најчестите физички попречености што ги погодува нашите најмили, децата. Оваа попреченост може да се појави во различни периоди од нивното растење и развој.
Затоа сите во рамки на своите надлежности да работиме на подобрување на условите за живот на оваа категорија луѓе.