ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА СВЕТНА ВО БОИТЕ НА РЕТКИТЕ БОЛЕСТИ
- февруари 1, 2022
- 0
Со вечерашното осветлување на општинската зграда во боите на ретките болести, локалната власт од Охрид се вклучува во националната кампања „Ги запознавме ретките болести 2022“. Во боите на „ретките“ вечерва светнаа и општинските згради во Струга и Дебрца и Самоиловата тврдина која што ќе биде освтлена цел месец.
Со тоа се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици. Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.
Секој може да учествува во Глобалниот синџир на светла и да ги сподели боите на ретките болести.
Во обид за глобална солидарност, на Светскиот ден на ретките болести, 28-ми февруари во 19 часот по локално време секој човек може да го декорира својот дом со боите на ретките болести.