Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид, утрово градоначалникот, Константин Георгиески се поклони пред моштите на светителот во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник.
Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Георгиески положи цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во истоименото основно училиште, а цвеќе беше положено и пред момументалниот споменик на Светителот на градскиот плоштад. Тука беа врачени награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс . Со тоа завршија годинешните чествувања посветени на заштитникот на Охрид.