Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид, утрово градоначалникот, Константин Георгиески се поклони  пред моштите   на светителот  во  манастирот  „Свети Климент и Пантелејмон“ на  Плаошник.

Делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Георгиески положи цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во истоименото основно училиште, а цвеќе беше положено и пред момументалниот споменик на  Светителот  на градскиот плоштад. Тука  беа врачени  награди на најдобрите  поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс . Со тоа завршија годинешните чествувања посветени на заштитникот на Охрид.