Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Константин Георгиески по повод 11 Октомври- Денот на Народното востание , положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на паднатите борци во градски парк, во дворниот простор на Средното економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ и во Основниот Суд како и во близина на Градските Гробишта.
Пред спомен обележјата на борците покрај градоначалникот Георгиески се поклонија Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и советникот Димитар Манчев.