ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ЗА 11 ОКТОМВРИ
- октомври 10, 2020
- 0
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.
– Денот на востанието е симбол на македонската борба за слобода. Оддавајќи им почит на сите храбри борци и учесници во народноослободителното востание ние славиме за почетокот на антифашистичката борба и поставување на темелите на македонската државност. Патот до конечната победа преку Народноослободителна борба исполнет со хероизам и страдање ни обезбеди место на страната на правдата и на човечноста. На овој ден се слави пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и за создавање на самостојна, суверена и независна држава. Тој идеал нè води и денес во остварувањето на подобра сегашност и иднина за нас и нашите поколенија.
Стремежот на борците станува наш аманет за креирање просперитетна и напредна држава која ќе се интегрира во европското семејство како рамноправна и еднаква со другите земји членки.
Нека ни е честит и вековит националниот празник 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.