ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН
- април 20, 2019
- 0
По повод големиот христијански празник Воскресение Господово – Велигден, претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска упати честитка до сите христијани со католичка вероисповед.
- Драги сограѓани кои го прославувате најрадосниот христијански празник Велигден по Грегоријанскиот календар, најискрено ви го честитам празникот посакувајќи да го поминете во мир благосостојба и семејна среќа. Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување овој голем христијански празник не потсетува дека сите во себе носиме љубов и радост.
Празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските.
Со добра мисла и спокој во душите на овој ден посакуваме здравје и среќа за ближните, милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите.
Честитајќи ви го овој голем христијански празник ви посакувам добро здравје, среќа и духовен мир.