Во рамки на активностите за подобрување на условите за следење настава, деновиве во новиот објект на  ОУ “Григор Прличев“  е променета старата со нова висококвалитетна дограма.

Нови прозорци се поставени  во  седум училници, пет  кабинети и две стојалишта на   првиот кат  и во холовите на приземјето.

Во месец јануари 2020 година  општина Охрид започнува постапка  за реконструкција на сите санитарни јазли во сите училишта , а ќе се продолжи и со промена  на старите  азбесни кровови на сите училишта на територијата на општина Охрид.