
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОДОВИТЕ ВО ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ ВО КОЊСКО И ВО ДЕЛ ОД ОУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“
- септември 10, 2020
- 0
- Категорија:
Во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Коњско деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подовите во три училници и една канцеларија.
Поставувањето на новиот ламинатен под е овозможено преку донацијата која Општина Охрид ја обезбеди од една локална компанија за трговија со градежни материјали.
Како дел од истата донација деновиве беше извршена и реконструкција на подовите во неколку училишни простории во ОУ „Григор Прличев“.
Во текот на наредниот период со средства од буџетот на Општина Охрид планирана е комплетна реконструкција на подовите во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, во ОУ„Христо Узунов“ и подрачниот објект на ОУ„Кочо Рацин“ во село Лакочереј.