Во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Коњско деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подовите во три училници и една канцеларија.

Поставувањето на новиот ламинатен под е овозможено преку донацијата која Општина Охрид ја обезбеди од една локална компанија за трговија со градежни материјали.

Како дел од истата донација деновиве беше извршена и реконструкција на подовите во неколку училишни простории во ОУ „Григор Прличев“.

Во текот на наредниот период со средства од буџетот на Општина Охрид планирана е комплетна реконструкција на подовите во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, во ОУ„Христо Узунов“ и подрачниот објект на ОУ„Кочо Рацин“ во село Лакочереј.