Врз основа на член 48 став (4) од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и Сл.Весник на РСМ бр. 14/20) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодирање и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на РМ“ бр. 11/15 и 35/18), општина Охрид објавува:

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/2020 за унапредување на административен службеник во општина Охрид

 

Општина Охрид објавува интерен оглас за унапредување на 1 (еден) административен службеник за следното работно место:

 

  1. Раководител на сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште УПР0101Б02000, Сектор за урбанизам и управување со градежно земјиште –1 (еден) извршител

 

Општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија
  • активно да го користи македонски јазик
  • да е полнолетен
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност

 

Посебни услови :

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен,Aрхитектура, урбанизам и планирање или Градежништво и водостопанство
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
  • најмалку пет години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во јавен сектор.
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • положен испит за административно управување;

 

Општи работни комепетенции на напредно ниво:

– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
учење и развој;
– комуникација;
– остварување резултати;
– работење со други/тимска работа;
– стратешка свест;
– ориентираност кон странки/засегнати страни и
– финансиско управување.

 

Распоред на работно време:

  • Работни денови:од Понеделник до Петок
  • Работни часови неделно: 40 часа
  • Работно време: од 08:00 до 16:00 часот
  • Паричен износ на основна нето плата: 37.400,00 денари

 

На интерниот оглас може да се јави административен службеник вработен воопштина Охрид кој ги исполнува општите и посебните услови пропишани за работното место како и:

  • да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при оценувањето за 2019 година,
  • да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата каегорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
  • да поминал најмалку две години на тековното работно место и
  • да не му е изречена дисциплинска мерка за 2019 година.

 

Кон пријавата можат да се приложат и други докази:

  • потврди за успешно реализирани обуки и
  • потврди за успешно реализирано менторство.

 

Административниот службеник се пријавува со пополнување на пријава објавена во прилог на интерниот оглас.

Пополнетата пријава со потребната документација треба да се достави до архивата на општина Охрид и до службената електронска адреса: administracija@ohrid.gov.mk

Рокот за пријавување изнесува 5 (пет) дена од денот на објавување на интерниот оглас на web страната на институцијата.

Условите наведени во огласот кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавените административни службеници ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја фаза од постапката на веб станата на општина Охрид и тоа:

Фаза 1 – административна селекција се спроведува најдоцна 15 дена од денот на истекот на рокот за пријавување.

Фаза 2 –интервју се спроведува  во рок од 5 дена од завршување на фаза 1.

 

НАПОМЕНА:

Административниот службеник кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошна постапка.

 

ПРИЈАВА за унапредување на административен службеник (word doc.)