Со финансиски средства   на Општина Охрид во вредност   од 89.090 денари  набавени се ЛЦД Проектори со држач за  првачињата од ООУ „Братство Единство“ и за четвртоодделенците од основните училишта  „Св. Климент Охридски“ и „Христо Узунов“ од Охрид.  По претходно распишан тендер за изведувач е избрана фирмата ДООЕЛ „Албатрос“ од Скопје.

Целта на проектот е да се подобрат условите за реализирање на предвидената  воспитно образовна  програма за учениците од основните училишта во градов.