Во рамките на посетата на општина Охрид, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние имаше средба и со претставници на невладините организации. Претставниците на невладините организации го информираа амбасадорот Тимоние за нивните активности поврзани со заштитата на природното и културното наследство на Охрид и Охридското Езеро.

Амбасадорот Тимоние рече дека за надминување на проблемите околу заштитата на природното и културното наследство задолжително треба да се вклучи граѓанскиот сектор, кој треба да биде и учесник во донесувањето на одлуките во оваа област.