СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕТО НА ЖИВКО ЧИНГО
- август 9, 2019
- 0
Во пресрет на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, се уредува просторот пред спомен обележјето на великанот на македонскиот расказ, македонскиот прозаист и писател -Живко Чинго.
Во активностите за уредување на просторот се поставија клупи , бекатон плочки и поставување на парковски рабници. Градежните работи ги извршува ЈП Градски гробишта.
Манифестацијата посветена на Живко Чинго ќе се одржи на 13.08.2019 година (вторник) со почеток во 20.00 часот.