Во пресрет на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“,  се уредува просторот пред спомен обележјето на великанот на македонскиот расказ, македонскиот прозаист и писател  -Живко Чинго.

Во активностите за уредување на просторот  се поставија клупи , бекатон плочки и поставување на парковски рабници. Градежните работи ги извршува ЈП Градски гробишта.

Манифестацијата посветена на Живко Чинго ќе се одржи на 13.08.2019 година (вторник) со почеток во 20.00 часот.