Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/2014, 199/2014, 161/2008, 27/2016, 35/2018, 198/2018 и 143/19) и член 11 и член 11-б од Законот за пожарникарство („Службен весник на Република Македонија“ бр.67/2004, 81/2007, 55/2013, 158/2014, 193/2015, 39/2016 и 152/19), градоначалникот на општина Охрид објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на работник на неопределено време во општина Охрид

 

Се објавува јавен оглас за вработување на работник во општина Охрид на неопределено време на работно место:

 

1. Пожарникар спасител (ПОЖ 02 10 В04 000) ТППЕ Охрид ………………………………….. 3 извршители.

2. Заинтересираните кандидати е потребно да ги исполнуваат следните услови:

 Општи услови:

– да е државјанин на Република Македонија,

– да е полнолетен,

– активно да го користи македонскиот јазик,

– да има општа здравствена способност за работното место и

– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност.

Посебни услови:

–  IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити

според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование;

–  со или без работно искуство во струката евидентиранo во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија како работен стаж.

Потребни работни компетенции за работното место:

–  учење и развој

–  комуникација

–  остварување резултати

–  работење со други/тимска работа и

–  ориентираност кон засегнати страни

 

3. Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување  на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место утврдени во јавниот оглас.

Кон пријавата се приложува:

– Кратка биографија – CV;

– доказ за државјанство;

– доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност;

– доказ за завршен соодветен степен на образование;

– доказ за работно искуство и

– доказ за здравствена и психофизичка способност утврдено од овластена здравствена установа согласно со закон.

Напомена: Заинтересираните кандидати задолжителните докази ги доставуваат во оригинал или заверен препис.

Пријавата за вработување може да се превземе од веб страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk или во архивата на општина Охрид.

 

4. Работно време изнесува 40 часа неделно и е организирано во смени.

5. Паричниот износ на основната нето плата за работното место  изнесува 17.500,00 денари.

6. Рокот за пријавување на огласот изнесува 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на поднесување на пријава.

7. Изборот на кандидатот градоначалникот ќе го изврши во рок од 15 дена од денот на доставување на конечната ранг листа од страна на Комисијата за селекција.

Напомена: Согласно Годишниот план за вработување во општина Охрид за 2019 година, вработувањето е предвидено за македонец(ка).

Фазите на постапката за селекција се детално уредени во Правилникот за критериумите за селекција на кандидати за вработување во Територијалната противпожарна единица Охрид бр. 09-17122/1 од 29.11.2018 година, објавен на веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk).

Напомена: Избраниот кандидат има обврска во рок  од една година од денот на вработувањето да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар, издаден од институција овластена од Министерство за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето.

8. Пријавата со потребните докази се доставува во затворен плик на адреса: Општина Охрид  ул. „Димитар Влахов“ бр. 57  со назнака “вработување по јавен оглас“.

9. Лица за контакт: Ранко Крстески моб. тел. 071/231-104.

10. Некомплетните и ненавремено поднесени пријави нема да бидат разгледувани.