НОВА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО СЕЛО ЛЕСКОЕЦ
- март 18, 2020
- 0
- Категорија:
Екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“ работат на поставување фекална канализација на еден крак од улицата „Илинденска“во село Лескоец во должина од 84 метри. Во активноста е вклучена и изградбата на четири шахти. Проектот е финансиски подржан од Општина Охрид , а реализацијата завршува денес.
Со финансиска поддршка на локалната самоуправа ова охридско претпријатие утре започнува со поставување фекална канализација и на крак од улицата „Илија Смически“ во село Лескоец во должина од 65 метри , а е предвидено да се изградат и три шахти.