Амбасадорот на  Р. Словенија Н. Е. Грегор Прескер  во придружба на Почесниот  словенечки конзул  со седиште во Охрид, Шенол Ислам беше во прва официјална   посета на Општина Охрид.

На работната средба се разгледуваа можностите, проекти на локалната власт од областа на екологијата, животната средина и водоснабдувањето  да бидат поддржани од словенечката влада  со аплицирање на  меѓународни тендери.

Двете страни изразија согласност за воведување дирекни авионски линии Охрид – Љубљана особено во летниот период од годината со намера да се зголеми бројот на туристи во двете земји.

Амбасадорот Прескер беше информиран за добрата соработка меѓу локалната и централната власт и поддршката што општината ја добива на годишно ниво за реализирање на предвидените проекти.

Високиот гостин од Словенија го изрази своето воодушевување од убавините на Охрид кој долги години е заштитен од УНЕСКО поради својата природна и културна реткост  и посочи дека ќе се заложи за зацврстување на пријателските односи меѓу двете земји.