Датум:
април 17, 2025 @ 11:30 am
2025-04-17T11:30:00+00:00
2025-04-17T11:45:00+00:00
ВЕЛИГДЕНСКИ БАЗАР НА ПЛОШТАДОТ „КРУШЕВСКА РЕПУБЛИКА“

Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ на 17.04.2025 година (Велики четврток) со почеток во 11:30 часот ќе го организира традиционалниот „Велигденски базар“ на плоштадот „Крушевска Република“. 

На базарот ќе земат учество охридските занаетчии, производителите на домашна традиционална храна и трговците кои продаваат велигденски украси. На базарот ќе бидат изложени и креативните велигденски изработки на најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“, на учениците од општинските основни и средни училишта, на младите од Младинскиот центар и волонтерите на ОО на Црвен Крст, Охрид.

Во духот на најголемиот Христијански празник Воскресение Христово –Велигден собраните финансиски средства  ќе бидат донирани во хуманитарни цели.