ОПШТИНСКА АДМИНИСТРАЦИЈА – ОРГАНОГРАМ

ОРГАНИЗАЦИЈА И ДЕЛОКРУГ НА ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТАЦИЈА
[кликнете на соодветниот сектор и во полето одберете го потребното одделение]

Општинската администрација на oпштина Охрид ги извршува работите од надлежност на органите на Општината, односно Советот и Градоначалникот.

  • ги подготвува актите за советот и градоначалникот;
  • ги подготвува седниците на советот, како и седниците на неговите постојани и повремени комисии;
  • врши стручни работи  за Советот и Градоначалникот;
  • го води сметководството на општината;
  • ја следи проблематиката во областите од надлежност на Општината, врши анализа на состојбите и дава иницијативи и предлози за нивно решавање ;
  • доставува информации и податоци во врска со активностите на Општината на барање на надлежните органи или врз основа на закон;
  • ракува со документита на општината и ги чува се до нивното уништување, односно предавање во Државниот архив на Република Македонија и
  • врши и други работи што ќе и ги определи советот и градоначалникот.

Општинската администрација ги извршува работите од надлежност на органите на Општината во согласност со Уставот и со закон, со Статутот на Општината и со други прописи и општи акти донесени врз основа на закон.

Врз основа на надлежностите на Општината утврдени со закон, како и групирањето на работите и задачите според видот, обемот, сложеноста, нивната меѓусебна сродност и поврзаност, општинската администрација се организира во сектори, одделенија и Територијална противпожарна единица на Општината.

Сектор се образува заради обединување на повеќе меѓусебно поврзани подрачја од надлежност на органите на Општината, како и заради организирање, следење и координирање на работите од надлежност на одделенијата во неговиот состав и унапредување на меѓусебната соработка на одделенијата.

Одделение се образува заради непосредно извршување на една од следните работи: нормативно-правни, управување со човечки ресурси, стручно-аналитички, управни, управно-надзорни, информативно-документациони, информативно-комуникациски,стручно-оперативни, материјално-финансиски, инвестициони, информатичко-технолошки, стручно-административни и други работи.

Територијална противпожарна единица на Општината се образува заради вршење на со закон утврдените работи од областа на заштита од пожари.

ОРГАНИЗАЦИЈА, ДЕЛОКРУГ И НАЧИН НА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЗАДАЧИТЕ НА ОПШТИНА ОХРИД

ПРАВИЛНИК ЗА СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИТЕ МЕСТА НА ОПШТИНСКАТА AДМИНИСТРАЦИЈА ВО ОПШТИНА ОХРИД

КОДЕКС ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ

КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР НА ОПШТИНА ОХРИД

П Р А В И Л Н И К ЗА ПЛАТА НА ВРАБОТЕНИ ВО ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ПРОТИВПОЖАРНА ЕДИНИЦА НА ОПШТИНА ОХРИД

П Р А В И Л Н И К ЗА ПЛАТА НА ВРАБОТЕНИ ВО ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД КАКО ПОМОШНО ТЕХНИЧКИ ЛИЦА