В. Д ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕСКИ ГО ЧЕСТИТА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ
- април 8, 2019
- 0
Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиевски по повод 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија.
-Најискрено ви го честитам 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, посакувајќи ви успех и просперитет како на личен така и на план на заедницата . Вашата традиција , култура и начин на живеење се нераскинлив дел од нашето секојдневие и од македонското мултиетничко општество. На овој ден празнуваме за различностите но и за евалуација на степенот на вклученост на ромите во општественото живеење.
Почитувањето на човековите права, социјалната правда и еднаквите можности на сите граѓани отсекогаш биле и ќе бидат основа во нашето општествено функционирање. Посакувам и понатаму сите заедно и посветено да продолжиме да придонесуваме во развојот и напредокот на нашиот град и татковина.
Посакувам уште долги години да го прославувате овој празник во добро здравје, среќа и напредок – стои во честитката на в. д градоначалникот Георгиевски.