Вршителот на должност градоначалник  Константин Георгиевски  по повод 8-ми април – Меѓународниот ден на Ромите, упати честитка до припадниците на ромската заедница во Република Македонија.

-Најискрено ви го честитам 8-ми април, Меѓународниот ден на Ромите, посакувајќи ви успех и просперитет како на  личен  така и на план на заедницата . Вашата традиција , култура и начин на живеење се  нераскинлив дел  од нашето секојдневие  и од македонското мултиетничко  општество. На овој ден празнуваме за различностите  но и за евалуација на степенот на вклученост на ромите во општественото живеење.

Почитувањето на   човековите права, социјалната правда и еднаквите можности на сите граѓани  отсекогаш биле и ќе бидат  основа во нашето општествено функционирање. Посакувам и понатаму сите заедно и  посветено да продолжиме да придонесуваме во развојот и напредокот на нашиот град и татковина.

Посакувам уште долги години  да го прославувате овој празник во добро здравје, среќа и напредок – стои во честитката на в. д градоначалникот Георгиевски.