Датум:
октомври 10, 2019 – октомври 14, 2019
2019-10-10T00:00:00+02:00
2019-10-15T00:00:00+02:00

Под мотото „Don’t Worry, Be Ohrid!” од 10-ти до 14-ти октомври, Охрид ќе биде домаќин на четвртиот Интернационален гастрономски натпревар – „Гастро Мак”.

Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.

Според најавите на настанот ќе замат учество над 300 учесници, над 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови на кујни, гастрономски амбасадори и почесни гости од 30 светски земји. Годинешен претседател на судскиот тим е славниот хрватски готвач Стево Карапанџа.

Покрај предвидените активности во рамки на натпреварувачкиот дел, ќе бидат организирани и презентации за сите гурмани од нашата, но и од другите интернационални кујни.

Во рамки на програмата, на 12-ти октомври е предвидено е  одржување на „Фиш фест“ на Дон Давид, кога судиите, кои се истакнати готвачи со „Мишелин ѕвезди“ ќе приготвуваат скара на отворено, а дегустациите ќе можат да ги извршат сите посетители.