Датум:
јуни 27, 2024 – јуни 29, 2024
2024-06-27T00:00:00+00:00
2024-06-30T00:00:00+00:00
ТРЕТОТО ИЗДАНИЕ НА OHRID WINE FESTIVAL

Богата музичка програма и неповтрлива забава за охриѓани и туристите ќе донесе третото издание на Ohrid Wine Festival кој ќе се одржува од 27-ми до 29-ти јуни во Охрид, на Кеј Македонија, пред хотел „Палас“.

-На отварањето на фестивалот на 27.06.2024 (четврток) на сцената ќе настапат Backdoor band, Миле Кузманоски и „Куку леле“.

-Вториот фестивалски ден на 28.06.2024 (петок) е резервиран за Urban planet, Next time и Brass brothers.

-Третиот фестивалски ден на 29.06.2024 (сабота) за забавата ќе бидат задолжени „Балканико“, „Ареа“ и Влатко Лозановски.

Забавата со македонските музички артисти ќе биде надополнета со дегустацијата на македонските вина и вкусната храна.

Покровител на овој тридневен фестивал е Општина Охрид, а истиот е организиран од „Крафт Продукција“.