Денес, градоначалникот Кирил Пецаков, имаше протоколарна средба со неговиот колега Винченцо Маниглиа, од италијанската општина Ракалмунто, од островот Сицилија.

На средбата градоначалниците разговараа за воспоставување на соработка во повеќе области. Бидејќи и двата градови изобилуваат со културно – историски знаменитости се отвораат можности за соработка во областа на зачувување и нивно провмовирање.

Во текот на вчерашниот ден, италијанскиот градоначалник беше гостин на Интернационалната конференција: „Дигитално граѓанско општество“, во рамките на проектот Social Innovation Network. Проектот е имплементиран од „Порака Нова“, во соработка со Општина Охрид и партнерски општини и организации од Италија (Unione degli assessorati), Шпанија (Solidaridad sin fronteras) и Хрватска (Udruga Mladi u EU). Проектот е финансиски подржан од програмата Europe for citizen.

Соговорниците разговараа и за предизвиците со кои Охрид се соочува во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и за ЕРАЗМУС + програмата.