ПОДОБРЕНИ УСЛОВИТЕ ЗА НАСТАВА ВО СОУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
- октомври 4, 2021
- 0
- Категорија:
Во СОУ „Св. Кирил и Методиј “ изминатиов период интензивно се работеше на подобрување на условите за реализирање на наставната програма. Учениците и персоналот добија објект уреден по најсовремени европски стандарди. Менаџерскиот тим на училиштето спроведе низа проекти за усовршување на условите за работа .
Во објектот целосно е променет инвентарот и набавена е нова опрема за сите кабинети и училници во кои има нови клупи, столчиња, табли, интерактивни табли,интерактивни панели. Во кабинетите по здравствена струка и во кабинетите по економско –правна и трговска струка набавени се нагледни средства како и нагледни средства за спорт. Вредноста на проектот е 2.096.420,00 денари .
Со финансиска поддршка на Општина Охрид во вредност од 640.959 денари, реконструирани се сите санитарни јазли за ученици и наставници .
Училиштето може да се пофали и со нови компјутери за настава со учење од далечина. Вредноста на проектот е 393.750,00 денару со вклучен со ДДВ.
Поставена е и локална мрежана инсталација (LAN) стабилен оптички интернет во училишната зграда , а вредноста е 267.106,00 со вклучено ДДВ.
Во вредност од 1.336.022,00 денари заменета е надворешна столарија на спортска сала и училниците.
Во сите простории и спортската сала е извршен молерај. Санирани се оштетените делови од простории,а отстранета е и дотраената ламперија. Поставени се и нови внатрешни врати од училниците. Вредноста на проектот е 417.484,00 денари.
ЈП „Нискоградба“ работеа на поставување на фекална канализација околу СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Поставени се цевки со дијаметар Ф 200 во должина од 85 метри и 5 шахти. Проектот се реализира со финансиска поддршка на Општина Охрид. Екипи на ЈП „Градски гробишта“ работеа на оградување на училишниот двор.