Градоначалникот Кирил Пецаков, по повод големиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, до граѓаните од православна вероисповед испрати честитка во која им посакува да го прослават со среќа во срцата и во пријатна атмосфера.

 

– Дозволете ми да Ви го честитам ВЕЛИГДЕН и да Ви посакам здравје, благодет, Христова љубов и спокој во секој дом и во сечие срце. Празнувањето на најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение – ВЕЛИГДЕН, е возвишен ден, зошто е празник во кој преовладува животната радост, од која извираат љубовта и надежта. Ден кој ја роди и ја раѓа богоугодната радост. Велигден е денот кога го со радост го славиме животот, кој извира од секој храм, од секој дом и од срцето на секој верник. Христовото воскресение е темелот на православната вера, празник на надежта и смислата на нашето постоење. Да се радуваме заедно со радоста велигденска и сплотенo да го прославиме со најблиските и семејството. Затоа да бидеме благодарни на Неговата милосрдност и бескрајна љубов и да правиме добри дела, преку кои ќе ја потврдиме смислата на нашето живеење. Нека ни е честит Великиот ден – Воскресение Христово и нека Господ не обдари со сила, верба и благослов за да го сочуваме, негуваме она што ни го дал како наследство, чекорејќи по тој пат праведно, одговорно и чесно. Нека е за многу години големиот празник! ХРИСОТОС ВОСКРЕСЕ!, се наведува во честитката на градоначалникот Пецаков.