Градоначалникот Кирил Пецаков денеска ги прими членовите на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (Таеквондо ИТФ) кои ќе учествуваат на Светското Таеквондо ИТФ првенство што ќе се одржи во Астана–Казахстан од 18-ти до 26-ти август годинава.

На охридските репрезентативци Зоран Парулески, Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска, под водство на Марјанчо Лазаревски, градоначалникот Пецаков им посака успешно претставување и постигнување на добри резултати. Гостите истакнаа дека очекуваат солидни резултати по интензивните подготовки кои ги имале во изминатиов период за Светското првенство на кое учество ќе земат над 1 000 натпреварувачи од 90 земји.

Македонската Традиционална Таеквондо Федерација заминува во Казахстан под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и со поддршка на Општината Охрид.