Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ подготвени ги дочекаа снежните врнежи, кои во текот на денешниот ден го зафатија Охридскиот регион.

Искористена е сета расположлива механизација и работна сила за интензивно расчистување на коловозите, тротоарите, пешачките патеки и останатите јавни површини во градот.