Екипите на ЈП„Охридски Комуналец“ утрово спроведоа интензивни активности за подигање на нивото на јавната хигиена на подрачјето на Општина Охрид, во насока на превенција од ширењето на корона вирусот Ковид-19.

Извршено е миење на сите улици во централното градско подрачје со средство за дезинфекција. Исто така извршена е комплетна дезинфекција на контејнерите за отпад на сите локации за депонирање во центарот на градот.

Ваквите активности ќе продолжат и во текот на наредните денови. Од претпријатието апелираат до граѓаните да се однесуваат одговорно, соодветно да го депонираат отпадот и да придонесат во делот на зачувување на јавната хигиена.