Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016 ), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина   како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното  соопштение:

    • Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на   ден  19.07.2023 год.  (среда)   ќе  се спроведе теристичка (од земја ) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во среда  до 06 часот во четврток.
    • Со дезинсекцијата ќе биде  опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до  комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.
    • Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
    • Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.
    • Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.