Здраво машко дете е првото новороденче во Новата 2022 година. Новороденчето, денес, го посети градоначалникот Кирил Пецаков, кој го дарува со пригодни подароци.

Градоначалникот Пецаков упати честитки до семејството Миткоски за нивната принова и им посака да бидат здрави, среќни и успешни, а новороденчето да  израсне  во среќен и успешен човек. Тој упати честитки и до лекарскиот тим задолжен за породувањето, докторите, Катерина Попоска, Владо Уситјаноски, анестезиологот Јован Недески, педијатарот Весна Паскали и до целиот медицински персонал.

Новороденото дете е тешко 3 килограми и 70 грама и долго 52 сантиметри. Породувањето било со царски рез во 09 и 45 минути. Бебето и мајката се во добра состојба.