Со полагање на цвеќе пред спомен обележјата во Градскиот парк, денес, се обележа Меѓународниот ден на мирот. Свежо цвеќе положија делагија на Општина Охрид и делегација на Сојузот на борци.

Со едноминутно молчење од присутните им беше оддадена почит на сите кои своите животи ги дале во борбата за Македонија, а од страна на претседателот на Сојузот на борци, Гоце Герогиески беше прочитана овогодинешната порака за мирот која ја испраќа генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.