Со четиринаесет точки на дневниот ред, кои се однесуваа на измена на програмите за работа на општинските сектори, на денешната седница, практично се направи ребаланс на буџетот со кој се обезбедија средства за исплата на долгови кон доверителите.

Со денешниот ребаланс ќе се стигне до 75 проценти во реализација на буџетот, што законски ќе овозможи со барање до Министерството за финансии, зголемување на буџетот за нови 40 милиони денари до крајот на годинава.

Се очекува со новиот буџет за 2024 година, долгот на Општина Охрид да биде без потешкотии сервисиран кон доверителите, а до средината на 2024 да биде одблокирана сметката на општината.