Делегација на Општина Охрид предводена од заменик градоначалникот, Перчо Божиновски, денеска присуствуваше на пригодната свеченоста во ООУ „Христо Узунов“, во рамки на програмата за одбележување на училишниот патрон и годишнината од херојската погибија на овој голем охридски револуционер.

Покрај полагањето на свежо цвеќе пред спомен бистата на Христо Узунов, беше одржан историски час и беа доделени дипломи на наградените ученици.

Во чест на патронатот, учениците од ова училиште, предводени од своите професори, во петокот одржаа и свечена приредба во Центарот за култура „Григор Прличев“.