Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски ги додели наградите на најдобрите учесници на Општинскиот натпревар во атлетика за учениците од основните училишта, кој се одржа денеска во Охрид.

Организатор на натпреварувањето е Сојузот на училишен спорт под покровителство на Локалната самоуправа. На натпреварот зедоа учество ученици од 6-то до 9-то одделение од сите основни училишта во општината.

Учесниците се натпреваруваа во 9 категории, а најдобрите ќе бидат дел од Државниот натпревар во атлетика кој ќе се одржи во сабота на 11-ти мај 2024 година во Охрид, во организација на Федерацијата на училишен спорт.

На државниот натпревар ќе земат учество и најдобрите учесници од Општинскиот напревар во атлетика за средните училишта кој се одржа во текот на претходниот период.