Општина Охрид ги повикува сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетот „Сараиште“, истите да ги отстранат, најдоцна до петок, 23 јуни.

Во спротивно од сабота 24.06.2023 година, Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.