Општина Охрид продолжува со градежните активности за подготовка на просторот во болничкиот комплекс каде што ќе биде поставена Модуларната болница за третман и лекување на пациентите со КОВИД 19. Деновиве беше расчистен пределот околу општата болница а на истата локација, потоа беше изведено тампонирање и бетонирање на делот каде ќе биде поставена болницата. Во текот на вчерашниот и денешниот ден, работните активности продолжуваат со асфалтирање на пристапните патеки, односно влезот и излезот до монтажната болница како и просторот околу самиот објект.

Понатамошни обврски на општина Охрид секако ќе се да се обезбеди соодветен довод и одвод како и поврзување на електричната мрежа за дистрибуција. Модуларната болница која ќе биде поставена на оваа локација, ќе има капацитет од 40 легла и ќе биде опремена со целокупна медицинска опрема. Дополнителните објекти значително ќе го зголемат капацитетот на Инфективното одделение во општата болница и ќе го олеснат справувањето со здравствената криза во Охридскиот регион.