Од 3ти до 8ми август, на Кејот на Охридското езеро, пред хотел „Су“ се спроведе проектот „Играме шах на Кеј“. Проектот се спроведе во рамки на годишната програма на шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, а со цел промоција на шахот како игра во која може да се вклучат најразлични возрасни категории. На настанот учествуваа охриѓани и туристи од земјава, како и од државите Србија, Хрватска, Англија, Швајцарија, Данска, Германија и други.

Посетителите одиграа партии шах со членови на шаховскиот клуб „Ласкер“ и со шаховскиот клуб „Алкалоид“ од Скопје. На сите учесници им беа доделени ваучери за изданијата „Шах за деца“ и „Дамски Гамбит“.