Екипите на ЈП „Градски гробишта“ деновиве започнаа работни активности за партерно уредување на тротоарските рабови на кружната крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Јане Сандански“ каде што ќе биде засаден нов зелен појас.

Според планираното, на местото на постоечката метална ограда на сите четири заоблени тротоарски рабови, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе засадат соодветен зелен појас и ќе биде поставен наменски систем за наводнување.

Ваква ограда од зеленило ќе биде засадена и на тротоарските рабови од останатите кружни крстосници на булеварот „Туристичка“.