Градоначалникот Константин Георгиески, по повод празникот Свети Сава упати празнична честитка до припадниците на српската заедница кои живеат во Охрид и Република Северна Македонија.

– Ви  го честитам големиот православен празник Свети Сава и ви посакувам многу здравје, среќа, бериќет, духовен мир и општа благосостојба. Одбележувањето на ваквите големи празници нека бидат мост за градење доверба и меѓусебно почитување, уважување  и развој на вкупните општествени односи. Воедно, Ви изразувам искрена благодарност за вашиот постојан придонес во градењето на соживот и просперитет на нашиот древен Охрид. Со ваквите чествувања им даваме пример на идните генерации како треба да ја почитуваат традицијата и универзалните вредности– се вели  во честитката на градоначалникот Константин Георегиески упатена до припадниците на српската заедница.