По повод големиот христијански празник  Воскресение Господово – Велигден,  градоначалникот Кирил Пецаков, упати честитка до сите христијани  со католичка вероисповед.

– Драги охриѓани, верници со католичка вероисповед, сите сограѓани кои го прославувате најрадосниот христијански празник  Велигден по Грегоријанскиот календар, најискрено ви го честитам  празникот  посакувајќи  да го поминете во мир благосостојба и среќа. 

Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни. Затоа и понатаму да останеме свои, обединети во духот на промовирањето на вистинските вредности кои ќе придонесат во зацврстувањето на меѓусебната доверба и почит. Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување  овој голем христијански празник не потсетува дека сите во себе носиме љубов и радост.

Со добра мисла и спокој  во душите на овој ден  посакуваме здравје и среќа за ближните, милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите.

 Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години!