Градоначалникот, Константин Георгиевски денеска присуствуваше на спортско- рекреативно случување „Биди дел од најголемата трка и прошетка во Европа“ што денес се одржа во Охрид со цел да се даде поддршка на лицата кои боледуваат од карцином на дојка.  Организатор на настанот  е здружението „Борка“ , а поддржувач  локалната самоуправа.

Градоначалникот Георгиески  истакна дека сите релевантни институции мора максимално да се заложат за поддршка на  лицата кои боледуваат од рак на дојка.

– Во секој момент од денот,  во секој месец од годината треба да се разговара за ракот на дојка кој за жал според сите  статистички истражувања  повеќе од сигурно е  болест на денешницата.  Таа  не бира возрасна граница, социјална или верска припадност, средина или период кога се појавува. Едноставно никој не е поштеден од ова зло на Современиот Свет.  Затоа срдечно ја поздравувам организацијата на овој настан со апел  да се организираат уште многу вакви случувања кои ќе  допринесат во  подигнување на јавната свест, затоа што  за успешно лекување и избегнување на фатален крај  најбитни се  превенцијата, раното откривање и раниот третман на болеста. Нема ништо  поважно и поскапоцено од човечкиот живот  затоа сите во рамки на своите надлежности мора да им дадеме максимална поддршка на  жените – борци кои за жал  по некое  правило на судбината   било одредено да минуваат низ животна голгота. Со вакви случувања  токму на  овие хероини им даваме  неизмерна поткрепа . Задно да им помогнеме да го пребродат периодот на лекување  и да излезат како вистински победници. Ние, всушност, даваме поддршка за семејствата и пријателите на заболените од рак на дојка, даваме поддршка и благодарност на посветените лекари и медицински сестри кои секојдневно ја водат битката заедно со своите пациенти. Ракот е општествен проблем и  апелирам до сите релевантни институции   да бидат солидарни, максимално да се вложат и да помогнат на пациентите заболени од овој тип на рак , а ние како локална власт секогаш  ќе ги поддржуваме ваквите случувања – рече градоначалникот Георгиески.

Ракот е втората водечка причина за смрт во светот.9,6 милиони луѓе умираат од рак секоја година.Најмалку една третина од честите форми на рак може да се спречат.70% од смртните случаи од рак се јавуваат во земјите со низок исреден приход.  До 3,7 милиони животи може да се спасат секоја година со спроведување на соодветни стратегии за превенција, рано откривање и третман. Вкупната годишна потрошувачка за ракот се проценува на 1,16 трилиони американски долари.