ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „АСНОМ“
- септември 6, 2019
- 0
По завршувањето на главната туристичка сезона, започна реализацијата на планираните градежни и инфраструктурни проекти. Денеска започна целосната реконструкција на улицата „ АСНОМ“ од кружниот тек на булеварот „Туристичка“ до пресекот со улицата „Карпош Војвода“ во должина од 630 метри. На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот Константин Георгиески.
– Со целосната реконструкција на дел од улицата „ АСНОМ“ започнуваме со интензивни градежни активности. Оваа улица целосно ќе биде реконструиран коловозот, ќе се нивелираат шахтите и сливниците, ќе се реконструираат тротоарите и ќе се променат бетонските рабници.
Вкупната инвестиција за овој проект е 8.807.073,оо денари, работите ќе ги изведува АД „Илинден“ од Струга, надзорот ќе го врши АД „ЗИМ“ од Скопје, а градежните работи, според потпишаниот договор со изведувачот, треба да завршат во рок од 60 дена.
Сметам за потребно да ја информирам јавноста дека летниот период го искористивме да ги завршиме тендерските постапки за повеќе најавени проекти. Во тек или при крај се тендерските постапки за проекти во вкупна вредност од 65.800.957,оо денари, вклучувајќи ја целосната реконструкција на улицата „АСНОМ“. Другите проекти се:
-Санација на ударни дупки на улиците во општина Охрид со површина од 4,5 илјади метри квадратни, во вредност од 5.822.238,оо денари;
-Асфалтирање на тесни улички во вредност од 7.508.375,оо денари, при што ќе бидат вградени 1.550 тони асфалт ;
-Изградба на фекална канализација во населба Рача во вредност 1.596.844,оо денари ;
-Изградба на канализациона мрежа со која ќе бидат приклучени дел од приградските населби, односно делови од селата Лескоец,Лакочереј и Велгошти. Вредност 2.889.489,оо денари ;
-Тампонирање на улици во вредност од 1.369.862,оо денари ;
-Изградба на потпорни ѕидови во населбата „Стар град“ и во селото Елшани со проценета вредност од 2.649.495,оо денари ;
-Изградба,реконструкција и поплочување тротоари на вкупна површина од 5.000 метри квадратни, со проценета вредност од 7.026.000,оо денари ;
-Опремување на 9 автобуски постојки, со проценета вредност од 972.601,оо денари ;
-Поставување на велосипедски паркиралишта со проценета вредност од 608.845,оо денари ;
-Реконструкција на големата сала и скалите за влез во Општина Охрид во вредност од 2.700.000,оо денари ;
-Уредување и одржување на пешачка улица со режим ба сообраќај и уредување на тротоар на дел од улицата „ Коста Абраш“.Вадење на дотраените бехатон плочки и нивна замена со гранитни плочки и гранитни коцки. Хортикултурно уредување и осветлување на 500 метри квадратни.Проектот во вредност од 2.700.000,оо денари е финансиран од Југозападниот плански регион.
По забелешките на антикорупциската комисија се повторени и при крај се тендерските постапки за:
-Поставување на нова кровна конструкција на основното училиште „Христо Узунов“ и подрачните единици на основното училиште „Св. Наум Охридски“ во селата Елшани и Коњско. Вкупната вредност на зафатите е 11.557.839,оо денари ;
-Реконструкција на кровната конструкција на потпокривот на ОСУ „Св.Климент Охридски“ во вредност од 410.109,оо денари ;
-Изградба на улицата 2 во поранешната касарна „Михајло Апостолски“ со проценета вредност од 9.182.187,оо денари- рече градоначалникот Константин Георгиески на почетокот на изведувањето на градежните работи на улицата „ АСНОМ“ .