ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ
Одделението за управување со човечки ресурси ги врши работите што се однесуваат на:
- следење и спроведување на законите и подзаконските акти од областа на човечките
ресурси; - подготвување на актот за организација на општинската администација;
- подготвување на правилникот за систематизација на работните места;
- подготвување на годишната програмата за стручно оспособување и усовршување на службениците во општинската администрација;
- предлагање политики за управување со човечките ресурси во органот;
- подготвување на актите врзани со вработувањето во општинската администрација;
- водење на персоналните досиеја на вработените во општинската администрација;
- внесување податоци за вработените во информациониот систем за управување со човечки ресурси што го води Министерството за информатичко општество и администрација;
- учество во подготвувањето на годишната програма за обука на државните службеници и вработените во општинската администрација без статус на државни службеници;
- анализирање на потребите за обуки и предлагање насоки за доусовршување на вработените;
- координирање на процесот на оценување на државните службеници;
- подготвување на годишниот план за користењето на годишниот план за вработување;
- координирање и подготвување на планот за користењето на годишните одмори и изготвување на решенијата за годишни одмори;
- предлагање на мерки за обезбедување на оптимални услови за работа на вработените;
- врши и други работи што ќе му бидат утврдени во делокругот на надлежности согласно законите и другите прописи.
Контакт: Владимир Ристески
Телефон: (046) 262492 / (046) 262493 лок. 117
E-mail: