Датум:
декември 23, 2021
2021-12-23T00:00:00+01:00
2021-12-24T00:00:00+01:00
ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ПЕТАР ЧАУЛЕВ

Денес се навршуваат деведесет и седум година од убиството на Петар Чаулев, македонски револуционер и војвода учесник во Илинденското востание како раководител на Охридскиот револуционерен комитет.

Чауле бил потписник на Мајскиот манифест во 1924 година, со кој се бара Македонија да биде независна политичка единица во рамките на поширока Балканска федерација. Бил учесник во Балканските војни и  Тиквешкото востание, а раководел и со Охридско –Дебарското востание во 1913 година.

Петар Чауле е роден во Охрид на 18 декември 1881 година, а убиен е во Милано на 23 декември 1924 година од страна на врховистички платеник.

 

 

Носител: Завод и музеј – Охрид; Државен историски архив – п.е Охрид во соработка со Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија