ГОДИШНИНА ОД РАЃАЊЕТО НА Д-Р ЕЛЕНА КАВАЕВА
- февруари 8, 2023
- 0
Доктор Елена Каваева е исклучителна личност, хуманист и основоположник на современото здравство во Охридско – струшкиот крај, во нашата земја, а и во делови од Република Албанија.
Напуштајќи богат семеен живот во родната Полска и високи општествени позиции во Русија, како прва жена лекар целиот свој работен век го поминува помаѓајќи и дење и ноќе секому кому му била потребна лекарска помош, без разлика на народност, вера и материјална состојба.
Не постои повозрасен жител на Охрид кој не се сеќава или не слушнал за докторката Каваева. Многумина, а не без причина, ја споредуваат со Мајка Тереза.