Се известуваат граѓаните на  Општина  Охрид,   особено учесниците во сообраќајот, дека на  18.04.2019 година (четврток) во временски период од 07.00 до 14.00 часот, поради хоризонтално и вертикално обележување на  кружниот тек  кај Општа болница , согласно динамиката на одвивањето на активностите во одредени периоди ќе бидат затворени за сообраќај одредени краци.

Се молат сите учесници во сообраќајот да  го одбегнуваат овој потег во погоренаведениот временски интервал  со цел навремено и квалитетно  завршување на обележувањето  на кружниот тек.