Денеска во својот кабинет градоначалникот Кирил Пецаков, оствари средба со охриѓанецот Лео Нелоски, ученик во деветто одделение во ОУ „Григор Прличев“.

Младиот Лео е прогласен за Државен првак по математика за 2022 година, додека, на Јуниорската Математичка Македонска Олимпијада која се одржа на во Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде учествуваа математички најталентираните деца во Македонија, го освои сребрениот медал.

Соговорниците разговараа за успесите кои ги постигнува и тоа не само по математика, туку и во другите области каде на натпреварите освојува награди.

Општина Охрид постојано ќе биде ветар во грб и ќе им дава поддршка на младите и телентирани ученици од основните и средни училишта во Охрид, со цел за постигнување на уште повеќе и поголеми успеси.